ЗЛАТО 0 €/oz 0 €/g
СРЕБРО 0 €/oz 0 €/g
Златната плочка од 50 грама е идеална за сите големи инвеститори кои инвестираат во стотици грама злато и сакаат да ја поделат својата инвестиција на поголем број плочки за да го олеснат управувањето со нивните средства и да имаат поголема флексибилност при продажбата на злато. Оваа плочка е добра и за оние кои сакаат 50 грама злато во една плочка, но инвеститорите обично се одлучуваат за поголем број на помали плочки, на пример 10 x 5 g злато, бидејќи цената по грам е слична и поголем број плочки овозможуваат поголема флексибилност.
190.653,00ден
Цена на големо: На барање
Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975
Златната плочка од 50 грама спаѓа во групата на средни плочки. Како и останатите плочки до 100гр , оваа златна плочка се испорачува во оригинално заштитно пластично пакување, кое служи како потврда за автентичноста на златото. Пакувањето го има истиот сериски број како и самата златна плочка.
Горенаведената златна плочка од 50 грама се произведува во познатата швајцарска ковачница Аргор-Хераеус. Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали. Покрај златните плочки од 1 кг, нуди и плочки од 1 g, 2g, 5g, 10g, 20g, 1 унца, 50g, 100g, 250g и 500g.
Инвеститорите од нашиот регион најчесто избираат плочки од оваа ковачница заради повеќе причини. Аргор-Хераеус го поседува сертификатот LBMA, што значи дека оваа ковачница ги исполнува строгите критериуми за квалитет на здружението на учесници од најголемиот пазар на злато во светот – оној во Лондон. Овој сертификат им гарантира на сите купувачи на златни плочки Аргор дека содржат одредена количина и чистота на злато. Ова исто така значи дека златната плочка од 1 грам лесно се монетизира и има многу ликвиден пазар. Истото важи и за сите други плочки од оваа топилница .
Другата причина е цената на плочките Argor Heraeus, кои се за нијанса поевтини од производите со иста тежина од другите ковачници. Имено групацијата Хераеус поради нивната големина се стекнува со суровини за производство на златни плочки поевтини од другите производители на благородни метали. Големата количина на злато и други метали кои Аргор ги обработува секоја година исто така игра важна улога. Имено, со поголемо производство се постигнува поголема продуктивност врз основа на економијата на обем, а овие заштеди се пренесуваат на клиентите.
Третата причина е репутацијата на Швајцарија како земја со најголемо количество злато по глава на жител во светот. Некои инвеститори повеќе би сакале да купат швајцарски златни плочки отколку плочки произведени во други земји.
Назив | Argor- Heraeus златна плочка од 1гр |
Вкупна тежина | 50.01 гр |
Чистота | 999.9/1000 |
Тежина на благороден метал | 50 гр |
Земја на потекло | Швајцарија |
Производител | Argor-Heraeus |
Димензии | 49.7mm x 28.5mm x 2.0mm |
Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член