Skip to content
Loading...

50 гр сребро | Аrgor-Heraeus

Сребрената плочка од 50 гр Argor-Heraeus е доста прифатлива плочка за секој сериозен инвеститор кој сака постепено да го гради своето портфолио на благородни метали, а секако може да послужи и како совршен подарок за крштевки, родендени и други посебни прилики. Оваа сребрена плочка по својата цена доста добро се натпреварува со останатите производи од сребро, а со оглед на тоа дека станува збор за производ од преку 160 години искуство, ќе биде препознаен и ценет во целиот свет.

Cena na Upit

Цена на големо: На барање

SKU: GM-083 Kategorija:

Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975

Опис

Светски познатата швајцарска компанија Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали.

Argor-Heraeus поседува LBMA сертификат како гаранција за чистотата на сребрените плочки од 999,9/1000.

Исто како и златото, среброто кое се лие и кова во Argor-Heraeus може да потекнува од примарно производство, т.е. рударство или пак од секундарни извори т.е. отпад и рециклиран материјал .

Работното искуство од преку 160 години , овозможува производите од оваа ковачница да се ценети и препознаени ширум светот.

Назив Argor-Heraeus сребрена плочка од 50 гр
Вкупна тежина 50гр
Чистота 999/1000
Тежина на благороден метал 49.95гр
Земја на потекло Швајцарија
Производител Argor-Heraeus

Испратете барање за 50 гр сребро | Аrgor-Heraeus

Златен клуб

Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член

This site is registered on wpml.org as a development site.