Skip to content

ЧЕСТИ ПРАШАЊА

Инвестициски центар за злато, сребро и дијаманти

За разлика од обичното злато во форма на накит, кое подлежи на ДДВ при купувањето, инвестициското злато е ослободено од сите даноци низ Европа.Златните плочки се сметаат за инвестициски во Европа доколку се направени од злато со чистота од најмалку 99,5%. Повеќето угледни ковачници плочките ги изработуваат со дури 99,99% на чистота.

За да може златникот да се смета за инвестиција, тој мора да има чистота од најмалку 90% и да има номинална вредност во која било валута (најчесто е втисната на едната страна од златникот). Притоа неважно е дали е валутата денес важечка .

Постојат неколку причини. Дел од инвеститорите на злато со оваа инвестиција сакаат да си ги заштитат животните заштеди од инфлација. Други не им веруваат на банките и на хартиените валути без никакво покритие, па затоа сакаат да ја поседуваат најценетата природна валута во светот, која со илјадници години е докажано дека е особено сигурна и посакувана предност. Други пак сметаат дека цената на златото ќе расте во наредните години, па со негово инвестирање сакаат да остварат поголем приход, за разлика од оној кој би се остварил во разни други инвестициски фондови.

Низ историјата имало периоди во кои цената на златото значително се зголемувала за краток период, како на пример помеѓу 2007- ма и 2011-та година, кога порастот изнесувал приближно 200%. Но, таквите големи потези се исклучок, а не правило. Златото не е инвестиција како одредени акции или криптовалути, каде што можете да заработите огромен приход во рок од неколку години, но затоа е многу побезбедна инвестиција со која можете мирно да спиете.

Неговата примарна функција е заштита на вредноста, а таа функција ја извршува совршено илјадници години. Во последните 50 години, цената на златото растеше во просек за околу 8% годишно, што е значително повисока од каматните стапки на заштедите, дури и во добри економски времиња.

Фалсификуваното злато е многу поретко отколку што мислат луѓето. Денес, постојат различни уреди и техники со кои може да се проверат златните плочки и златниците, па секое лажно злато може многу брзо да се открие. Дополнително, ниту една компанија која се занимава со дистрибуција на злато не смее да дозволи дури и ненамерна продажба на лажно злато, бидејќи само еден таков случај би нанел голема штета на угледот на компанијата.

Златото што го нудиме е изработено од реномирани ковачници (многу од нив се на листата на LBMA), што значи дека тие произведуваат злато во согласност со најстрогите светски критериуми.

Повеќето златни плочки доаѓаат во оригинална пластична амбалажа која служи како сертификат. Пакетот го има истиот сериски број што е на плочката, како и информации за производителот, тежината и чистотата на златната плочка.

Најчесто поставувани прашања | Golden Masters

Златните плочки од 250гр па нагоре не доаѓаат во пластична амбалажа, но некои топилници (како на пр. Аргор Хераеус) издаваат посебен сертификат со нив. Другите топилници (како Münze Österreich) не издаваат сертификати за златните плочки од 250 грама или повеќе, бидејќи сметаат дека нема потреба од тоа. Имено, денес со користење на разни уреди и информации од интернет лесно може да се утврди дали станува збор за вистинско злато или не.

Најчесто поставувани прашања | Golden Masters

Без разлика дали златната плочка има сертификат или не, заедно со неа го издаваме и нашиот сертификат, на кој е испишан серискиот број на плочката, потоа други релевантни податоци и потписот на нашиот вработен кој ја проверил плочката и го издал сертификатот.

Цената на златото на светската берза се менува секоја секунда, но цените на нашата веб-страница се приспособуваат на состојбата на светската берза на секои 5 минути.

Златен клуб

Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член

This site is registered on wpml.org as a development site.