Skip to content
Loading...

1 унца злато | Argor-Heraeus

Златната шипка од 1 унца (31,1035 грама) е една од нашите најпродавани производи. Оваа плочка е доволно голема за да постигне добра цена при купувањето и продавањето, а во исто време и доволно мала, што дури и малите инвеститори во благородни метали можат да си ја дозволат. Идеална е за повремени купувања со цел заштеда на злато. Може да послужи и како исклучително вреден подарок, кој со текот на времето нема да ја изгуби својата вредност, туку ќе добие. Како и другите шипки до 100 g, овие златни плочки доаѓаат во оригиналното заштитно пластично пакување кое служи како потврда за автентичноста на плочката.

121.746,00ден

Цена на големо: На барање

SKU: GM-015 Kategorije: ,

Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975

Опис

Горенаведената златна плочка се произведува во познатата швајцарска ковачница Аргор-Хераеус. Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали. Покрај златните плочки од 1 кг, нуди и плочки од 1 g, 2g, 5g, 10g, 20g, 1 унца, 50g, 100g, 250g и 500g.

Инвеститорите од нашиот регион најчесто избираат плочки од оваа ковачница заради повеќе причини. Аргор-Хераеус го поседува сертификатот LBMA, што значи дека оваа ковачница ги исполнува строгите критериуми за квалитет на здружението на учесници од најголемиот пазар на злато во светот – оној во Лондон. Овој сертификат им гарантира на сите купувачи на златни плочки Аргор дека содржат одредена количина и чистота на злато. Ова исто така значи дека златната плочка од 1 грам лесно се монетизира и има многу ликвиден пазар. Истото важи и за сите други плочки од оваа топилница .

Другата причина е цената на плочките Argor Heraeus, кои се за нијанса поевтини од производите со иста тежина од другите ковачници. Имено групацијата Хераеус поради нивната големина се стекнува со суровини за производство на златни плочки поевтини од другите производители на благородни метали. Големата количина на злато и други метали кои Аргор ги обработува секоја година исто така игра важна улога. Имено, со поголемо производство се постигнува поголема продуктивност врз основа на економијата на обем, а овие заштеди се пренесуваат на клиентите.

Третата причина е репутацијата на Швајцарија како земја со најголемо количество злато по глава на жител во светот. Некои инвеститори повеќе би сакале да купат швајцарски златни плочки отколку плочки произведени во други земји.

Назив Argor- Heraeus златна плочка од 1гр
Вкупна тежина 31.11 гр
Чистота 999.9/1000
Тежина на благороден метал 31.1035 гр
Земја на потекло Швајцарија
Производител Argor-Heraeus
Димензии 40.4mm x 23.3mm x 1.9mm

Испратете барање за 1 унца злато | Argor-Heraeus

Златен клуб

Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член

This site is registered on wpml.org as a development site.