Skip to content
Loading...

1000гр злато | Argor – Heraeus

Најголема предност кај купувањето на големи златни плочки од 1кг е подобрата цена по грам во однос на помалите плочки. Имено, како и кај сите останати производи, што е поголемо пакувањето толку е поповолна ценатс за крајниот купец. Златните плочки од 1000гр се идеален избор за инвеститорите кои сакаат да претворат поголема количина од својот капитал во инвестициско злато. Повеќето од нашите купувачи кои размислуваат за купување на само една плочка од 1 кг злато, , сепак се одлучуваат за сет од повеќе помали плочки, на пр, 4 х 250 гр или 10 х 100 гр. Во случај на потреба на помала количина на пари , може да се уновчи само дел од овие помали плочки , а разликата во цена по грам не е голема.

Cena na Upit

Цена на големо: На барање

SKU: GM-002 Kategorija:

Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975

Опис

Златната плочка од 1000 грама спаѓа во групата на големи плочки. За разлика од останатите плочки до 100гр оваа златна плочка не доаѓа во оригинално заштитно пластично пакување.

Горенаведената златна плочка од 100 грама се произведува во познатата швајцарска ковачница Аргор-Хераеус. Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали. Покрај златните плочки од 1 кг, нуди и плочки од 1 g, 2g, 5g, 10g, 20g, 1 унца, 50g, 100g, 250g и 500g.

Инвеститорите од нашиот регион најчесто избираат плочки од оваа ковачница заради повеќе причини. Аргор-Хераеус го поседува сертификатот LBMA, што значи дека оваа ковачница ги исполнува строгите критериуми за квалитет на здружението на учесници од најголемиот пазар на злато во светот – оној во Лондон. Овој сертификат им гарантира на сите купувачи на златни плочки Аргор дека содржат одредена количина и чистота на злато. Ова исто така значи дека златната плочка од 1 грам лесно се монетизира и има многу ликвиден пазар. Истото важи и за сите други плочки од оваа топилница .

Другата причина е цената на плочките Argor Heraeus, кои се за нијанса поевтини од производите со иста тежина од другите ковачници. Имено групацијата Хераеус поради нивната големина се стекнува со суровини за производство на златни плочки поевтини од другите производители на благородни метали. Големата количина на злато и други метали кои Аргор ги обработува секоја година исто така игра важна улога. Имено, со поголемо производство се постигнува поголема продуктивност врз основа на економијата на обем, а овие заштеди се пренесуваат на клиентите.

Третата причина е репутацијата на Швајцарија како земја со најголемо количество злато по глава на жител во светот. Некои инвеститори повеќе би сакале да купат швајцарски златни плочки отколку плочки произведени во други земји.

Назив Argor-Heraeus poluga od 1000гр zlata
Вкупна тежина 1000.1гр
Чистота 999.9/1000
Тежина на благороден метал 1000гр
Земја на потекло Швајцарија
Производител Argor-Heraeus
Димензии 117.5mm x 52.0mm x 9.0mm

Испратете барање за 1000гр злато | Argor – Heraeus

Златен клуб

Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член

This site is registered on wpml.org as a development site.