ЗЛАТО 0 €/oz 0 €/g
СРЕБРО 0 €/oz 0 €/g
Вложувањето во сребрени плочки од 100гр е широко прифатено поради исклучително пристапната цена. Најдобар начин за вложување во сигурна иднина е инвестициското сребро чија вредност е константна и 100% сигурна. Никој нема да ви пресмета камата за вложувањето или да си ,,игра” со Вашиот капитал на берзите ризикувајќи ја Вашата иднина и мирна старост.
Cena na Upit
Цена на големо: На барање
Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975
Светски познатата швајцарска компанија Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали.
Argor-Heraeus поседува LBMA сертификат како гаранција за чистотата на сребрените плочки од 999,9/1000.
Исто како и златото, среброто кое се лие и кова во Argor-Heraeus може да потекнува од примарно производство, т.е. рударство или пак од секундарни извори т.е. отпад и рециклиран материјал .
Работното искуство од преку 160 години , овозможува производите од оваа ковачница да се ценети и препознаени ширум светот.
Назив | Argor-Heraeus сребрена плочка од 100гр |
Вкупна тежина | 100.01гр |
Чистота | 999/1000 |
Тежина на благороден метал | 100гр |
Земја на потекло | Швајцарија |
Производител | Argor-Heraeus |
Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член