Skip to content
Loading...

100гр злато | Argor Heraeus

Златната плочка од 100гр е една од најбараните производи за инвеститорите кои купуваат поголема количина злато , како 1 кг. Плочката од 100 гр нуди добар однос на цената и тежината , па затоа за неа одлучуваат поголемите инвеститори. Цената на златото по грам е само за нијанса поголема од цената на златото во плочка од 1 кг , но затоа пак им овозможува на сопствениците полесно да располагаат со капиталот вложен во злато. Злстната плочка од 100 гр е добар избор и за помалите инвеститори, иако повеќето од нив се генерално се идлучуваат за повеќе мали плочки , како 5 х 20 гр или 10 х 10 гр на злато. Причина е поголемата флексибилност во управувањето со капиталот , а цената на капиталот не се разликува значајно.

376.980,00ден

Цена на големо: На барање

SKU: GM-010 Kategorije: ,

Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975

Опис

Златната плочка од 100 грама спаѓа во групата на средни плочки. Како и останатите плочки до 100гр оваа златна плочка се испорачува во оригинално заштитно пластично пакување, кое служи како потврда за автентичноста на златото. Пакувањето го има истиот сериски број како и самата златна плочка.

Горенаведената златна плочка од 100 грама се произведува во познатата швајцарска ковачница Аргор-Хераеус. Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали. Покрај златните плочки од 1 кг, нуди и плочки од 1 g, 2g, 5g, 10g, 20g, 1 унца, 50g, 100g, 250g и 500g.

Инвеститорите од нашиот регион најчесто избираат плочки од оваа ковачница заради повеќе причини. Аргор-Хераеус го поседува сертификатот LBMA, што значи дека оваа ковачница ги исполнува строгите критериуми за квалитет на здружението на учесници од најголемиот пазар на злато во светот – оној во Лондон. Овој сертификат им гарантира на сите купувачи на златни плочки Аргор дека содржат одредена количина и чистота на злато. Ова исто така значи дека златната плочка од 1 грам лесно се монетизира и има многу ликвиден пазар. Истото важи и за сите други плочки од оваа топилница .

Другата причина е цената на плочките Argor Heraeus, кои се за нијанса поевтини од производите со иста тежина од другите ковачници. Имено групацијата Хераеус поради нивната големина се стекнува со суровини за производство на златни плочки поевтини од другите производители на благородни метали. Големата количина на злато и други метали кои Аргор ги обработува секоја година исто така игра важна улога. Имено, со поголемо производство се постигнува поголема продуктивност врз основа на економијата на обем, а овие заштеди се пренесуваат на клиентите.

Третата причина е репутацијата на Швајцарија како земја со најголемо количество злато по глава на жител во светот. Некои инвеститори повеќе би сакале да купат швајцарски златни плочки отколку плочки произведени во други земји.

Назив Argor- Heraeus златна плочка од 1гр
Вкупна тежина 100.01 гр
Чистота 999.9/1000
Тежина на благороден метал 100 гр
Земја на потекло Швајцарија
Производител Argor-Heraeus
Димензии 45.0mm x 24.0mm x 5.6mm (лиена)
49.7mm x 28.5mm x 3.9mm (кована)

Испратете барање за 100гр злато | Argor Heraeus

Златен клуб

Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член

This site is registered on wpml.org as a development site.