ЗЛАТО 0 €/oz 0 €/g
СРЕБРО 0 €/oz 0 €/g
Плочката од 250 гр злато е една од поголемите златни плочки. Најголемата предност за купување на поголеми златни плочки е подобрата цена по грам, во однос на помалите плочки. Имено, како и кај сите други производи , поголемото пакување значи и поповолна цена за крајниот купец. Златните плочки од 250 гр се добар избор за инвеститорите кои сакаат да претворат поголема количина од својот капитал во инвестициско злато. Меѓутоа повеќето од нашите купци кои размислуваат за купување на само една таква плочка, се решаваат за купување на неколку помали плочки, на пр. 5 х 50гр Во случај на потреба од помала количина на пари, може да се продаде само дел од овие плочки, а разликата во цената по грам не е голема.
Cena na Upit
Цена на големо: На барање
Контактирајте не преку прашалник или на телефонскиот број 076499975
Златната плочка од 250 грама спаѓа во групата на големи плочки. За разлика од останатите плочки до 100 гр оваа златна плочка не се испорачува во оригинално заштитно пластична амбалажа.
Горенаведената златна плочка од 250 грама се произведува во познатата швајцарска ковачница Аргор-Хераеус. Argor- Heraeus е една од најстарите ковачници на благородни метали во светот. Токму затоа инвеститорите од нашите краеви се одлучуваат за производи од оваа прочуена ковачница. Argor-Heraeus во Мендризио (Швајцарија) обработува и прочистува злато, сребро, платина и паладиум од руднитеците, отпад или други извори кои можат да се рециклираат. Златото го прочистува до 99,99% и 99,999% чистота, среброто до 99,9% а платината и паладиумот 99,95%. Нивната база на купувачи проширена во повеќе од 50 земји вклучува рударски претпријатија,трговски куќи, банки, ковачници, трговци со накит и часовници,како и индустриски потрошувачи. Со оглед на тоа дека е дел од групација основана 1851 година, оваа ковачница ужива посебен статус помеѓу инвеститорите на благородни метали. Покрај златните плочки од 1 кг, нуди и плочки од 1 g, 2g, 5g, 10g, 20g, 1 унца, 50g, 100g, 250g и 500g.
Инвеститорите од нашиот регион најчесто избираат плочки од оваа ковачница заради повеќе причини. Аргор-Хераеус го поседува сертификатот LBMA, што значи дека оваа ковачница ги исполнува строгите критериуми за квалитет на здружението на учесници од најголемиот пазар на злато во светот – оној во Лондон. Овој сертификат им гарантира на сите купувачи на златни плочки Аргор дека содржат одредена количина и чистота на злато. Ова исто така значи дека златната плочка од 1 грам лесно се монетизира и има многу ликвиден пазар. Истото важи и за сите други плочки од оваа топилница .
Другата причина е цената на плочките Argor Heraeus, кои се за нијанса поевтини од производите со иста тежина од другите ковачници. Имено групацијата Хераеус поради нивната големина се стекнува со суровини за производство на златни плочки поевтини од другите производители на благородни метали. Големата количина на злато и други метали кои Аргор ги обработува секоја година исто така игра важна улога. Имено, со поголемо производство се постигнува поголема продуктивност врз основа на економијата на обем, а овие заштеди се пренесуваат на клиентите.
Третата причина е репутацијата на Швајцарија како земја со најголемо количество злато по глава на жител во светот. Некои инвеститори повеќе би сакале да купат швајцарски златни плочки отколку плочки произведени во други земји.
Назив | Argor- Heraeus златна плочка од 1гр |
Вкупна тежина | 250.025 гр |
Чистота | 999.9/1000 |
Тежина на благороден метал | 250 гр |
Земја на потекло | Швајцарија |
Производител | Argor-Heraeus |
Димензии | 50.0mm x 31.0mm x 9.0mm |
Заштитете го вашето минато, сегашност и иднина и станете наш златен член